

– Прекините во снабдувањето со електрична енергија се одразуваат на наставата. Учениците секојдневно отсуствуваат бидејќи не може да се изведува нормална настава и доколку не се реши проблемот нема да можеме да ја реализираме зацртаната наставна програма, ни изјави Марјан Костојчиноски, директор на основното училиште „Страшо Пинџур“.

Според началникот д-р Боро Пешиноски, неколкучасовниот прекин во снабдувањето со електрична енергија деновиве ја блокирал работата на здравствениот дом.
– Поради недостиг на електрична енергија не работеше лабораторијата, рендгенот, не работеа ниту специјалистичките служби, интерното одделение и стоматологија, бевме комплет блокирани, иако имавме неколку итни случаи, изјави д-р Пешиноски.

–Дежурните екипи на КЕЦ Струга редовно интервенираат но тоа не го решава проблемот, кој се должи на застарената електрична мрежа во Вевчани која не е освежена 50 години, вели Илиески. Според него единствено решение на проблемот е обновување на застарената електрична мрежа во општината.

Од ЕВН Македонија изразуваат разбирање за проблемните со кои се соочуваат жителите на Вевчани во зимските месеци, но велат дека прекините во снабдувањето со електрична енергија не се така чести и се должат пред се на ниските температури и невремето поради кое на два пати дошло до испад на далновод. Портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески, не информира дека деновиве во Вевчани е испратена екипа на компанијата која врши инспекција на електричната мрежа. Тој посочи дека во Вевчани е изградена една нова трафостаница, а старите трафостаници како и дел од застарената електро мрежа се реконструирани. Компанијата најави дека ќе биде изготвен прокт за подобрување на снабдувањето со електрична енергија за поширокиот регион, со кој ќе биде опфатена и општината Вевчани.












