Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело  „Полов напад врз дете„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против  28- годишен струмичанец.
 
Пријавениот на 22- ри октомври годинава, во помошна просторија од пазарот на големо, лоциран на улицата „Сирма Војвода„ во Охрид, извршил полови дејства врз едно малолетно лице од Охрид, кое во моментот било со уште двајца негови другари.

Струмичанецот забележувајќи ги тројцата малолетни лица во близина на пазарот, ги намамил во неговата помошна просторија, по што со употреба на физичка сила извршил полови дејства на едниот од нив. Се обидел истото да го направи и со останатите две  малолетни лица, но притоа, пријавениот бил удрен по глава и оттурнат од малолетниците,  по што тие успеале заедно да побегнат.

За случката на пазарот, малолетниците не ги запознале своите родители, кои подоцна дознале за случајот и го пријавиле во СВР Охрид. Со брза реакција на полициските службеници, пријавениот е пронајден и приведен.

Истражен судија денеска на приведениот му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

OhridNews