Ракометарите на Макс Струмица по рецептот на охридските ги освоија бодовите во „Билјанини Извори“ победувајќи по голема борба на теренот.
„Гладијаторите“ на дерби мечот со струмичани не го оправдаа надимакот, не особено со лежерната игра во првиот дел, кога и го загубија натпреварот.
Во вториот дел охридските ракометари заличија на себе, но обично на храбрите среќата ги прати, а овој пат рака на срце домаќините не беа на тоа ниво затоа и изостана среќата во клучните моменти од натпреварот.
Охриѓани можат да извлечат многу поуки од овој натпревар и веќе на следниот во Прилеп да ја вратат насмевката на своите симпатизери како што правеа многу пати во текот на сезоната.
Макс Струмица го освои целиот плен во Охрид
Реакции по мечот Охрид – Макс Струмица
Фото: Емилио
Мх.П.