Со отпаѓањето на Струмица и Карпош Соколи во Втората лига заврши плејаут разврската во Првата македонска кошаркарска лига.
Струмичани и минатогодишниот победникот во Купот на Македонија ќе се преселат еден ранг пониско, а нивното место ќе го заземат екипите на Вардар и Водњански Лисици кои први минаа низ целта во второлигашкото друштво.
За титулата во македонската кошаркарска елита ќе се борат Работнички, МЗТ Скопје, Блокотехна и Куманово. Плејофот започнува утре, а силите до три добиени натпревари ќе ги одмерат Работнички – Куманово односно МЗТ Скопје – Блотехна.
OhridNews