При контрола на фирма од Струга, имател на одобрение за увоз за облагородување со систем за одложено плаќање на давачки, царинските службеници од Службата за надзор на иматели на одобренија при царинарница Битола откриле дека во магацинот за репроматеријали, од стоката задолжена со царински декларации, недостигаат 544,69 м2 памучна ткаенина и 4,8 м2 синтетичка ткаенина.
При тоа било утврдено дека истите биле пуштени во слободен промет без да бидат спроведени пропишаните царински формалности и без да бидат платени увозните давачки. На тој начин избегнато е плаќање увозни давачки во износ од над 31 илјади денари.
OhridNews