По вчерашната кражба во рекреативниот центар за лица со интелектуална попреченост во Струга ” Порака Нова”, од таму со апел до надлежните да помогнат за обезбедување на центарот.

– Просториите се наоѓаат во барака која воопшто не е заштитена од кражби. Немаме ниту видео надзор, ниту пак чуварска служба, вели Анита Гагоска од ” Порака Нова”.


Крадците успеале да однесат три лап- топ компјутери и четири дигитални апарати. Центарот и претходно бил цел на крадците, кога биле украдени инвалидски колички. 

Од струшката Локална самоуправа велат дека засега нема средства за обезбедување на објектот.

– Од општинскиот буџет се издвојува одредена сума на пари која се користи за покривање на тековните трошоци на центарот, но тие средства се ограничени и засега не сме во можност дополнително да издвоиме пари и за физичко обзебедување на центарот, вели Зоран Гулицоски од струшката локална самоуправа.

Рекреативниот центар Порака Нова во Струга работи веќе една година и згрижува пеесеттина лица на возраст од 6 до 50 години.

Т. Кувенџиска