Хируршкото одделение при Општата болница во Струга, од Министерството за здравство  доби модерен апарат за хируршки интервенции – Лапараскоп, вреден околу 50.000 евра.

Од струшката болница објаснуваат дека станува збор за модерен апарат. Со него ќе се врши т.н лапараскопска хирургија која ќе придонесе сите хируршки интервенции да се спроведуваат поуспешно, хируршката траума да биде што помала, а пациентите побрзо да се испраќаат дома.

Во болницата очекуваат во наредните месеци да пристигнат нови медицински апарати од програмата на Министерството за здравство за набавка на нова и модерна опрема.

OhridNews