Во петок со почеток во 12 часот пред кафе бар Адмирал во Струга, во организација на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ,  Лилјана Затуроска, ќе се одржи хуманитарна манифестација “Новогодишна хуманитарна елка”.

На манифестацијата ќе бидат поделени новогодишни пакетчиња на децата од дневниот центар “Порака Нова” од Струга и на паралелката на деца со посебни потреби од ОУ “Браќа Миладиновци” Струга.

OhridNews