Инаку, ТППЕ Струга поседува застарен возен парк, стар над 30-години и ограничен број на позарникари- 18. И покрај тоа, велат од струшката против- пожарна единица, минатата година извршивме 179 интервенции и тоа : 40 врз објекти, 92 интервенции на отворен простор, на сообракајни срества 11 пати и 21- на техничка интервенција. Извршени се и 35 помали интервенции. Во тековната 2011 година, заклучно месец мај единицата интервенирала во 63 случаи , речиси двојно повеќе од минатата година во истиот период.
– Поради тоа што се соочуваме со недоволен број пожарникари за истовремена интервенција на две или повеќе места, а според законот за пожарникарство на секој 2.000 жител треба да има еден пожарникар, неколку пати сме се обратиле до градоначалникот на општина Струга за пополнување на потребниот број на вработени во единицата, односно 35 пожарникари, велат од струшката против- пожарна единица.
Деновиве, под мотото “ Немој да ја палите шумата, внимателно ракувајте со оган на отворени површини”, ТППЕ Струга се приклучи кон одбележувањето на 175-годишнината од првата организирана протпивпожарна заштита во Македонија.