Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, претседавачот на Советот на општината Сејфула Хани, како и координаторите на советничките групи ја дадоа поддршката пред усвојувањето на Локалниот Акционен Младински План за општина Струга.

Поддршката е добиена на состаноците кои се организирани непосредно пред оддржување на седницата на Советот на општина Струга, на која се очекува, документот да биде усвоен од страна на струшките советници. 


„Градоначалникот Рамиз Мерко, запознаен со текот на настаните поврзани со креирањето на ЛАМП Струга, се заложи пред поставувањето на документот на дневен ред на седница на Совет, уште еднаш да го разгледа истиот, заедно со својот тим, по што ќе даде препорака согласно  заклучоците кои ќе се донесат на средбата“, велат од Младинскиот совет на Охрид кој го изработи ЛАМП-от.

Како што велат од оваа невладина организација, претседавачот на советот,Сејфула Хани,  имал некои нејасни работи поврзани со документот, но по средбата сите нејаснотии биле разјаснети и како претседавач на советот ја дал поддршката на овој труд. 


Локалниот Акционен Младински План ќе биде доставен до стручните служби во општина Струга со цел да биде ставен на дневен ред на декемвриската седница на Советот.

По Охрид, Струга ќе биде втора општина во Македонија која има локален акционен план за младите.

Ohridnews