Списанието за литература, култура и наука „Бранувања“, што се објавува во Струга, вчера беше промовирано во Националната установа-библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола.
Промотори на „Бранувања“ беа Проф. д-р Виолета Маневска и М-р Христо Петрески.
Притоа, беа изложени книги од струшки автори, а беше направен и литературен портрет на угледниот македонскиот писател Христо Петрески. За творештвото на авторот говореше писателот Петко Шипинкаровски, главен и одговорен уредник на „Бранувања“.












