Од 5 до 7 јули, ќе се одржи книжевната манифестација „Струшки книжевни средби 2018“. Тридневнмата манифестација содржи бројни случувања, како поетски читања, ликовна изложба, мала Ликовна колонија, промоции на книги, доделување на наградата, „Струшко слово“ на добитниците за 2018 година Никола Шимиќ Тонин (Хрватска) и Јордан Ѓорчев (Македонија), доделување на наградата „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ за 2018 година, доделување на наградата „Книжевна далга“ за 2018 година, на добитникот Виктор Шеќероски, како и доделување на наградата „ Книжевни бранови“ за најдобра прочитана песна на средбите.
Учесниците ќе ги посетат Ликовната галерија во село Белчишта, природниот резерват “Сини Вирој”, родната куќа и “Спомен собата” на писателот Ванчо Николески, родоначалник на македонската литература за деца во село Црвена Вода. На истото место, учесниците и присутните гости, ќе имаат можност да го погледаат ИЗБОРОТ од вредните дела на реномирани ликовни уметници – учесници на Ликовната колонија “Дебрца”, мегу кои: Јордан Манасиески, Ѓоко Целески, Васко Ташковски, Јоне Симонче, Вангел Наумоски, Сергеј Андреески, Мето Георгиевски, Петар Мазев и многу други.
На самото место, на мини ”Ликовната колонија”, свои ликовни дела ќе создава познатото уметничко и брачно дуо: Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје, единствени, како такви, на Балканот.
Средбите ќе завршат во сабота, 7. јули, со “Етно хепенинг” – книжевно музички перформанс со Мојца и Питер Андреј (Словенија).Поетите ќе читаат песни од своето творештво.
На годинешните Средби, кои се регионални за четири општини од ЈЗ Македонија, Струга, Охрид, Дебрца и Вевчани, учествуваат македонски и српски писатели на здружението „Бран“ од Струга и „Седумка“ од Франкфурт на Мајна–Германија,потоа од “ХKД” од Задар и “Ритам мисли” од Вараждин -Хрватска, манифестација во содејство со невладината асоцијација, “Хрватско-македонската Тагента”.
OhridNews












