Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Истрагата утврдила дека лани полицаецот работел спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата откако добил пријава за случена сообраќајна несреќа на патот село Враништа-Струга.
Иако во несреќата повреден бил возач на мотоцикл, а другиот учесник со возилото избегал, полицаецот не направил записник и не презел мерки против учесниците во несреќата со што им овозможил да не бидат санкционирани.