-Сите возила кај кои е констатирано дека го нарушуваат такси превозот, биле исклучени од сообраќаот. На нивните сопстевници им биле одземени сообраќајни дозволи, а биле поведени и прекршочни постапки пред надлежниот суд и до комисија за поведување на прекршочна постапка при Министерството за транспорт и врски на РМ. Предметите што се однесуваат на возилата од Струга се испратени и до Државниот инспектор за патен сообраќај во Охрид, бидејќи станува збор за превозници од соседна општина, стои во писмениот извештај на Инспекторатот при Општина Охрид.
Во делот на општинскиот линиски превоз во првите девет месеци, биле констатирани само 3 прекршоци. За превозниците кои превезувале патници незаконски, биле изречени решенија за исклучување од сообраќајот и биле поведени соодветни прекшочни постапки.
Овластениот сообраќаен иснпектор од Општина Охрид, смата дека за да се спречат ваквите појави во иднина треба да се направат низа законски измени.
-Потребни се измени и дополнувања на Законот за превоз во патниот сообраќај во однос на превоз помеѓу две соседни општини. Исто така потребно е побрзо решавање на предметите во општинските судови, за да се избегне застарување на предметите и ослободување од вина на прекршителите, стои во заклучоците на извештајот.