Струшкиот клуб Црн Дрим е севкупен победник во Купот на Македонија во кајак на мирни води кој се одржа во водите на Охридското езеро.


Квалитетот и одлична форма стружани ја потврдија речиси во сите дисциплини и со вкупно 88,5 бодови го освоија првото место.


Охридскиот клуб „Ехо“ го зазеде второто место со 56 бодови, а Стрмец исто така од Охрид заврши на третата позиција со 34,5 поени. На четвртата позиција се пласираше Радик со 13 бодови.


За сите учесници домаќинот обезбеди благодарници, а дружењето меѓу натпреварувачите продолжи после завршување на трките.

Ohridnews