Михајло Н., еден од учесниците во оружената престрелка кај Женска плажа, вчера и се предал на струшката полиција. Тој во инцидентот што се случи на 19-ти јануари се здоби со прострелна рана, но успеа да избега од струшката општа болница во момент кога се вршела смена на полициските службеници.

Истражен судија нему му одреди притвор во траење до 30 дена.

Во инцидентот беа ранети три лица.

OhridNews