Струшкиот боксер од тешка категорија,  до 91 кг, Наси  Хани, кој во Швајцарија е познат по псевдонимот и се нарекува “уништувач”, ја постигна својата 8 победа во неговата професионална кариера од 8 настапи, од кои 5 победи со нокаут (КО), нокаутирајко го бугарскиот боксер Николај Ерменков, во прва рунда, за само една минута и 20 секунди.

 
Како што вети, дека “ќе продолжи  да се однесува во рингот како вистински професионалец, да ги извршува препораките на тренерот и секако да ги покаже своите афинитети, можности, знаења и вештини, во рингот. Тој во целост ги исполни зададените задачи од тренерот а после мечот во краткиот телефонски разговор накратко рече “Јас од самиот прв удар на гонгот, започнав  со напади без да губам  време и по серијата удари, еден директен ударац беше на право место, кој го присили Ерменков да падне на подот. Тоа беше во прва рунда, после само 1 минута и 20 секунди борба, иако мислев дека Ерменков ке биде по издржлив борец” – рече Наси Хани и покрај неговата скромност.

Публиката во салата  РАЈТХАЛЕ “Реитхалле” во градот Тун, во Швајцарија, со голем аплауз го поздравија Наси Хани и неговата експресна победа со КО (нокаут), оти во ваквите настапи, публиката токму вака сака да завршат мечевите-со нокаут.

Сега во личниот картон на Наси Хани се следни податоци: 8  професионални настапи, исто толку победи од кои 5 со КО (нокаут), додека кај бугарскиот боксер се овие податоци, 12 професионални мечеви, од кои 7 победи-3 со КО, 5 порази од кои 4 со КО, рачунајки го и денешниот нокаут доживеан од Наси Хани.

Следниот меч на Наси Хани ке се одржи во салата  “Казино Курсал” во Берн- Швајцарија, на 20 мај 2013 г,  каде Наси Хани е лубител на публиката во главниот град на Швајцарија. Што се однесува до името на следниот противник за мечот од 20 мај 2013 г, тој уште не е познат, но штом ке се обелодени неговото име, јавноста ке биде информирана благовремено.

Ohridnews