Во синоќешната емисија „Патот кон” на Алсат-М, струшкиот градоначалник Зијадин Села најави дека ќе го оспори легитимитетот на претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

„Сè уште не е дојден 12 октомври, а Мендух Тачи е познат по големите кривини што ги прави од 180 степени. Ќе го чекаме тој т.н. конгрес на мендух Тачи и потоа ќе му го оспорам легитимитетот. ДПА е многу повеќе од она што го претставува г-от Тачи. ДПА не е партија на хакерски лидери, ДПА не е партија која кокетира со луѓе од службите, ДПА е партија на Арбен Џафери и на луѓето кои страдале од системот и биле поранешни политички затвореници…“, рече Села.

За последниот извештај на Европската комисија, Села потенцира дека истиот е милостина за граѓаните, но и скандал за Владата.

„Алсат М“