Црвен крст- Струга во соработка со германскиот Црвен крст започна со реализација на проектот Заеднички развој на заедницата, чија цел е подобрување на состојбата на ромското население во општината, како и детектирање на проблемите со кои тоа се соочува.

– Во првиот дел од проектот кој ќе трае минимум десет месеци, на терен наши членови заедно со претставници на ромската заедница во Струга ќе собираат информации за проблемите кои се дел од живеењето на Ромите. На крај на месецот, ќе се организира работилница на која посочените проблеми ќе се разгледаат, а потоа ќе се издвојат приоритетните на чие решавање ќе се работи во наредниот период, објаснува Анѓела Неделкоска Нелоска од Црвен крст Струга.

OhridNews