Невладиниот сектор од Општина Струга ја поддржува акцијата за отстранување на нелегалните градби од езерскиот брег и бара од државните авторитети да го запрат незаконското узурпирање на брегот на Охридското Езеро.

Тие посочуваат дека на струшкото крајбрежје почнувајќи од реката Сатеска до селото Радожда, владее невиден урбан хаос,  каде никнуваат нелегални градби како печурки, како што велат, со помош на надлежните органи што треба да ги запрат или казнуваат.

Релевантните тела кои треба да ги запрат овие диви градби, односно Општина Струга неколку пати и јавно и писмено, побараа надлежностите за управување со плажите или крајбрежјето да бидат пренесени на  Министерството за транспорт и врски. Концесиите за плажите во Струга се истечени од 2013 година, а концесионерите земјиштето треба да го вратат во првобитната состојба. УНЕСКО не сугерираше вакво неодговорно однесување и негрижа за животната средина со уништување на флората и фауната со узурпација на крајбрежниот појас каде надлежните свесно се премолчувал намерното уништување на природата. – велат струшките невладини организации.

Крајбрежен појас  во Албанија уреден по уривањето на диви градби

Струшките невладини организации бараат надлежностите за управување со охридско-струшкото крајбрежје целосно да бидат вратени на Министерството за транспорт и врски, а дивата градба да биде стопирана веднаш.

Постојните објекти треба веднаш да се отстранат, а плажите да се вратат во првобитната состојба според договорот помеѓу концесионерите и релевантното министерство. Да се запре урбанизацијата на земјиштето од левата страна на брегот на потегот од реката Сатеска до Радожда, да се урнат сите легализирани објекти на тој потег, како и да се преиспитаат легализациите, по примерот на езерскиот брег во Поградец, Албанија. Крајбрежјето од течението на реката Сатеска до селото Радожда да се прогласи за зелено подрачје, со план за изградба на трим патека – шеталиште по целиот појас на брегот, како и изградба на летни шанкови, спортско-рекреативни игралишта и детски игралишта. – стои во барањето на НВО„Визиони Joн“, НВО „Еко-Струга“, НВО „Енхалон“, НВО „Струга – Натура“, НВО „Дрини Зи“ и НВО „Лиќени“.

Г.М.