Струшките основци од ОУ ,, Браќа Миладиновци,“ станаа државни прваци во
фудбал.Турнирот кој беше организиран од федерацијата на училишен спорт се одржа во
Радовиш.

На него покрај домаќинот учество зедоа основни училишта од  Битола,
Демир Капија, Струга и две од Скопје.

Во финалето “Браќа Миладиновци“ предводена од професорите Марјан Ќушкоски и Астрит Мерко ја совлада екипата на “Лазар Ангелов“ од Скопје со 1:0.

М.П.