Утре во Струга, претставници на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, ќе одржат форум со струшките работодавци околу мерките за вработување од ресорното министерство.
На форумот ќе се дискутира за искуствата од досегашната примена на активните мерки за вработување, односно за идентификување на проблемите и потребата на бизнис-заедницата во насока на јакнење на соработката во планирање и имплементирање на политиките за вработување на локално ниво.
OhridNews