Дел од овогодинешното издание на Струшките вечери на поезијата ќе биде посветено на јубилејот, 200 години од раѓањето на браќата Димитар и Константин Миладинови. Исто така со посебни активности ќе им биде одадена почит на академик Гане Тодороски, кој е основач на оваа манифестација и на носителите на златните венци, рускиот поет Вознесенски и италијанскиот поет Сангвинети.
Организаторите информираат дека фестивалот, годинава ќе изобилува со многу нови содржини. Покрај нова и модерна сценографија, во план се и настапи на повеќе музичари како од земјава така и од странство.
Околу педесетина странски поети од Хаити, Костарика, Куба, Австралија, Еквадор, Латвија, Ирска и САД веќе го потврдиле своето учество, а се очекува присуство и на голем број македонски поети.
Годинешен лауреат на Струшките вечери на поезијата, е бугарскиот поет Љубомир Левчев, а Сиим Кера од Естонија е добитник на наградата „Мостови“.











