Струшките вечери на поезијата – вистинско поетско богатство
11.06.10 09:10
Автори од Панама, Еквадор, Хаити, Куба, Австралија, САД се помеѓу педесетината автори што досега го потврдиле своето присуство на 49-тото издание Струшките вечери на поезијата, кои ќе се одржат од 19 до 23 август во Струга.
Според најавите на организаторите, годинава Струшките вечери ќе бидат вистинско поетско богатство, со што повторно ќе се потврди високиот стандард и големото значење на фестивалот. Освен на странските и домашните творци, планирано е големо внимание да им се посвети и на новинарите, кои со своите известувања ќе дадат значаен придонес за поширока афирмација на фестивалот.
Добитник на престижната награда „Златен венец“ на Струшките вечери годинава е Љубомир Левчев од Бугарија. Наградата ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Мостови“ на последниот ден од фестивалот во Струга. Левчев, по Фатос Арапи од Албанија и Томаж Шаламун од Словенија, е трет поет по ред од Балканот на кој му е доделен „Златниот венец“.
За годинава, исто како и досега, остануваат главните манифестации на Струшките вечери на поезијата, како што се Вечер на националната поезија, претставување на творештвото на лауреатот, Полноќните поетски читања, Ноќи без интерпункција, Поетски собири покрај езерото, традиционалниот научен симпозиум, како и неформалниот пикник кај „Св. Наум“.
Музичката програма на „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов Во катедралната црква „Света Софија“ пред бројната публика Пле...
Српскиот машки хор „Свети Серафим Саровски“ од Зрењанин вчеравечер беше посебно доживување за публиката на „Охридско лето“ во рамките на традиционалната Српска вечер на фестивалот Кристалната чисто...
Дијана Петрова е автор на расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела” кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“, соопшти Општина Охрид Дијана Петрова е родена во 1992 година во ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.