Во струшкото основно училиште „Јосип Броз Тито“, денес се испорачани осум тони нафта што треба да придонесат за создавање на услови за нормализација на наставата која од вчера е во прекин.
Директорката на училиштето, Ана Столеска информира дека наставата ќе продолжи утре поради неопходните подготовки за стартување на системот за греење, а пропуштените часови ќе се одработуваат на пролет.
Советникот за образование во локалната самоуправа, Лавдрим Елмази изјави дека во иднина, со цел да нема било каква злоупотреба, нарачките за нафта, согласно потребите и временските услови во образовните установи ќе се прават на секои две недели. Барањето, од страна на директорите до фирмата која ја врши испораката, ќе треба да се доставуваат три дена пред да се потроши количината нафта со која располага училиштето.
Т.К.