По вчерашниот прекин на наставата поради незагреаните училници, денес, во струшкото основно училиште „Јосип Броз Тито“ беа испорачани околу 10 тони нафта за греење, а во текот на денот се очекува нафта да биде доставена и до подрачните училишта во Враништа и Мислешево.
Како што изјави директорот на училиштето, Тони Савески испорачаната количина нафта е доволна за до крајот на годината, но дека од страна на надлежните во локалната самоуправа било ветено дека наскоро ќе биде испорачана дополнителна количина нафта за греење.
Наставата се очекува да продолжи во текот на утрешниот ден.
OhridNews