На улицата „Ристо Крле“ во Струга, вчера, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад, информираат од СВР Охрид.

Нарушувањето се случило во 00.20 часот кога стружанец ја пресретнал неговата поранешна сопруга и почнал да ја навредува со погрдни зборови.

При тоа, со рака повеќе пати ја удрил во пределот на главата и ја влечел за коса.

OhridNews