Полицијата информираше дека вчера на скопскиот аеродром од слобода било лишено лице од Струга на кое му била пропишана мерка „апси“.

На 02.01.2022 во 08.40 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при проверка во оперативна евиденција било констатирано дека Д.Н.(39) од Струга e со мерка „апси“, по наредба од Основен суд Струга. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за спровод до Казнено-поправната установа Затвор Струга, стои во полицискиот билтен.

OhridNews