Во угостителски објект во Струга, лоциран на улицата „Ристо Крле“, вчера, во 00.30 часот, бил нарушен јавниот ред и мир, пришто, 50-годишен стружанец се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

  • Тој, најнапред вербално, а потоа и физички бил нападнат од 50-годишно лице од Струга, по што веднаш заминал од кафетеријата, информира Димоски.
    По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга, против пријавениот ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews