Стружанецот Милчо Мисоски го освои гран-прито на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“
21.05.22 19:38
Милчо Мисоски поет и лекар од Струга ја освои највисоката награда на деветтото издание на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“. Таа му беше врачена на свеченото доделување на наградите во НУЦК АСНОМ кое беше проследено со обраќања и настапи на дванаесетте автори финалисти.
Според жири комисијата на овогодишното издание, во состав: претседател Наташа Сарџоска и членовите Раде Силјан и Бранко Цветковски, за најдобар странски автор е прогласена Наташа Николов од Србија. Првата награда ѝ припадна на Катарина Трендова-Петрова од Кочани, а втората на Софија Петковска од Скопје. Третата награда ја делеа поетесите Ведрана Петрова од Скопје и Десанка Николова од Велес. За најуспешна „млада искра“ е прогласен петнаесетгодишниот Димитриј Давитков од Пробиштип.
Годинава на конкурсот се пријавија 161 автор во двете возрасни категории. Освен од Македонија конкурираа и поети од Словенија, Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина.
На наградените поети, организаторите на фестивалот, традиционално им доделија плакети, а на останатите финалисти и застапени автори во заедничката поетска збирка им беа врачени дипломи. Во склоп на манифестацијата се промовира најновата заедничка поетска „Литературни искри“ 2022.
Поетскиот фестивал „Литературни искри“ се одржува во чест на 24-ти мај, денот на првите македонски просветители Светите браќа Кирил и Методиј, а реализацијата на овогодишното издание беше поддржано од Министерство за култура и Општина Гостивар.
Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред деветнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб Една од традициите з...
Охриѓанецот Александар Петрески објави уште една инструментална композиција од неговиот серијал „Calmness“ Oва е шестата композиција инспирирана од Охридското Езеро Традиционално секоја година комп...
Синоќа на 75-годишна возраст почина познатиот македонски актер Гоце Тодоровски Тажната веста ја соопшти неговата ќерка Сашенка, преку социјалните медиуми По завршувањето на Факултетот за драмски ум...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.