Македонскиот поет, стружанецот Димче Шипинкаровски е годинашен добитник на наградата „Korkyra Melaina“ на 10. Меѓународни научно-книжевни средби „Петар Канавелиќ – Корчула“, што од 23 до 25 овој месец се одржаа во Корчула, во организација на Хрватското книжевно друштво.

На манифестацијата учествуваа повеќе од дваесет автори, научници и преведувачи од Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Бугарија. Програмата вклучи научни предавања, промоции на книги, поетски маратони и културни посети низ Корчула.


- Меѓународната книжевна награда „Петар Канавелиќ“ му припадна на поетот Михад Мешиќ – Ривер од Тузла, БиХ.
- За промоција и придонес во меѓународната културна размена награди добија Станка Радојевиќ Станојевиќ и Родољуб Чориќ од Црна Гора.
- Првпат беше доделена и наградата „Д-р Франко Ореб“, чија добитничка е проф. д-р Марија Кривокапиќ, исто така од Црна Гора.
Им благодарам на сите учесници и наградени колеги кои учествуваа во 10. Меѓународна средба „Петар Канавелиќ и Корчула 2025“, изјави претседателот на Хрватското книжевно друштво, Валерио Орлиќ, потенцирајќи ја важноста на овие средби за унапредување на книжевната соработка во регионот.
Организатори на манифестацијата беа Хрватското книжевно друштво, со поддршка на Министерството за култура на Хрватска и Градот Корчула.
OhridNews












