Во кругот на струшката Полициска станица, вчера, околу 21.55 часот, 27-годишен стружанец физички нападнал полициски службеник кој бил на работното место обезбедување на полициската станица.

Во наведеното време во кругот на полициската станица влегло патничко моторно возило „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице од Струга. Во тој момент полицискиот службеник се упатил кон возилото со цел да праша со која намера возилото го паркирал во кругот на Полициската станица. Притоа, од совозачкото место излегол пријавениот и без никаква причина упатил закани и физички го нападнал полицискиот службеник, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.
Од страна на полициски службеници биле употребени средства за присилба, при што истиот е лишен од слобода и задржан во СВР Охрид.

Против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.