Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 29-годишен стружанец.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот, кривичните дела ги извршил на крајот на март и почетокот на април во автомобил, хотел и деловна просторија. Тој со употреба на сила влегувал во објектите и одзел пари, акумулатори и фискални апарати.
На тој начин пријавениот причинил материјална штета и се стекнал со противправна имотна корист од околу 34.000 денари.
OhridNews












