Според податоците на УЈП, најбогатиот пензионер во 2010 е пензионер од Скопје, кој покрај пензијата остварил и други приходи со што вкупниот износ на неговите годишни приходи минатата година биле во висина од 55 милиони денари.
Највисоката годишна пензија според УЈП, била исплатена на кумановец, кој врз основ на пензија остварил годишен приход од 558.947 денари.
Најголемата плата за 2010 година ја има подигнато лице од фармацевтската индустрија и истата изнесува 50.665.135 денари.
Како и во изминатите години, така и во 2010 година, граѓаните најголемите приходи ги оствариле од капитална добивка, велат од УЈП.