Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело  „Лажно пријавување на кривично дело„ Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против  28- годишен стружанец.

Пријавениот, вработен како такси возач, на 24 октомври годинава, околу 4 часот, во струшката полициска станица пријавил кривично дело „Разбојништво„ што врз него го извршиле две непознати лица. Пријавениот на полициските службеници им раскажал дека од Струга во неговото такси возило влегле две лица кои побарале да ги превезе до селото Калишта. Кај местото „Царски кладенци„ на локалниот пат Калишта –Франгово, според изјавата на пријавениот такси возач, патникот кој седел на предното седиште, извадил огнено оружје пиштол и му го вперил во пределот на стомакот. Истиот притоа ги побарал парите од дневниот промет при што одзел 1.700 денари.

По преземените мерки од страна на полициските службеници, констатирано е дека пријавеното разбојништво не се случило, односно дека стружанецот со цел да ги прикрие парите од дневниот промет кои претходно ги потрошил за свои потреби, пријавил дека истите, под закана на огнено оружје,  му биле насилно одземени.

Во разговор со полициските службеници лицето признал дека лажно го пријавил кривичното дело „Разбојништво„