Вчера, околу 16 часот и 10 минути, во Струга на улицата „Партизанска“, Б. З. (35) го нарушил јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје, при што иуспукал неколку куршуми преку отворен прозорец од сопствениот стан.
Од страна на полициски службеници од Полициската станица -Струга од Б.З. е одземен пиштол, непозната марка, во кој имало три куршуми, како и 11 куршуми од различен калибар, кои ги поседувал без дозвола.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: МВР












