Стружанецот Јусуф Хани (29) пред норвешките судии во градот Ставангер призна дека учествувал во спектакуларниот грабеж на 10 милиони долари од банковниот сервис на Норвешка – НОКАС во април 2004 година, кога беше убиен и полицаец.

Според големината на пленот, овој грабеж не е само рекорден во Норвешка, туку е ден од најголемите воопшто во Европа. Судењето против Хани почна вчера, кога тој во потполност го призна делото за кое е обвинет. Стружанецот е последен од големата криминална група, која беше осомничена за историскиот грабеж. Претходно деветмина беа осудени дека учествувале во грабежот, четворица беа прогласени за виновни дека помагале, а еден од разбојниците во меѓувреме почина.

OhridNews