Стружанецот Дарко Паскоски (35) го фати Светиот крст во водите на реката Црн Дрим во Струга. Според изјавата која ја даде за медиумите Паскоски рече дека скока во осветените води речиси секоја година, а ова е негово второ фаќање на Светиот крст во Струга.

По Светиот крст во ладниот Црн Дрим скокнаа над 100 верници, а речните води ги освети митрополитот на Дебарско-Кичевската епархија, господин Тимотеј.

OhridNews