Никола Костески по завршувањето на есенската полусезона од Струга се пресели во Металург Јуниор.  Тој беше носител на играта на струшкиот прволигаш, а ефикасните настапи веднаш ги забележаа скаутите на Металург и го доведоа во младинската екипа. 


– Од досегашниот престој во Металург сум многу задоволен. Тука со младите се работи многу принципиелно, јас бев одлично прифатен од целата екипа и досега оди се по планираното – рече Костевски.

Струшкиот ракометен бисер може да игра на две позиции на десно крило и десен бек. Во досегашните мечеви Костески е најефикасен во екипата, а на последните два натпревари “леворакиот“ ракометер ги “искина“ мрежите постигнувајќи 22 голови.

– Кога дојдов овде желбата за докажување беше голема. Зацртав цел да се приклучам на сениорскиот состав, а тоа ќе го достигнам со голема волја и макотрпна работа – заврши Костески.

Уште во дебитанската сезона во дресот на Металург Јуниор, Костески има шанса да се бори за трофеј. Неговата екипа во полуфиналето од Купот на Македонија ќе се сретне со тимот на Зомимак.

Мх.П.