Стружанецот што го запали македонското знаме,Мунир Исмаили, од струшкото село Шум, кој го запали македонското знаме, од вчера е на издржување на затворската казна, информира „Дневник“.

Апелацискиот суд на четириесет и осум годишниот стужанец, му ја потврдил претходно донесената одлука на Основниот суд во Струга, со која е казнет на пет месеци затвор. Тој,пред  судот одговарал под обвинение„ поттикнување меѓунационална и меѓуетничка нетрпеливот и омраза против државните симболи“, според член 319 од кривичниот законик.

Исмаили одлуката на судот ја смета за политичка, но и порака до Албанците, бидејќи како што вели, тој е единствен граѓанин во Македонија кој е осуден за вакво дело и оти е порака до другите Албанци дека ги чека казна, зашто не е осуден ни еден Македонец за палење на албанското знаме и извикување аниалбански расистички пароли на стадионите и другите манфестации.

Мунир Исмаили на 23 јануари минатата година го запали македонското знаме пред зградата на општина  Струга.

OhridNews