Ракометната струшка колонија во Металург посакува триумф на престојниот 40 јубилеен ракометен турнир Струга. Годинешното јубилејно издание се очекува да понуди квалитативен ракомет и возбудливи мечеви. Струшкиот турнир ќе има нов првак , откако последниот победик Пелистер од Битола нема да земе учество годинава.
Струшкиот ракометен состав `97 со младите Мојсоски и Јоноски во составот
На теренот на “Женска плажа“ своите први ракометни чекори ги направилe Златко Мојсоски, Аце Јоноски и Велко Маркоски.
– Прво како стружанец, потоа како член на Металург и ракометната репрезентација на Македонија, ќе допринесеме да го подигнеме квалитативно нивото на овој турнир кој во последните неколку години беше помалце подзаборавен. За мене е лично ова е голема чест што после долги години ќе играм натпревари на овој терен. Тука ги направив првите чекори и тоа на овој турнир пред 16 години и тоа против тогаш моќната Металопластика – вели Златко Мојсовски кој е еден од повратниците на турнирот.
За “столбот“ Јоноски ова е ново учество на турнирот и тоа повторно со различен клуб. По Пелистер и Вардар ред дојде да настапи во дресот на Металург.
– Прво ми е чест, што јас лично што играм на овој турнир и тимот на Металург. Оваа година на јубилејот ми е драго што е вака силен турнир.Едно големо задволство е за мене да се вратам во Струга и да играм пред нашата публика која не бодреше во раните почетоци на нашите кариери. Амбициите на Металруг се победнички, јас досега два пати сум триумфирал на овој турнир еднаш со Вардар и еднаш со Пелистер, и посебна желба ми е да го комплетирам тој хет-трик со Металург- вели Ацо Јоноски
И Велко Маркоски го врзуваат убави спомени за струшкиот ракометен бисер.
– На тој терен за прв пат се запознав со ракометот, кој подоцна ете стана моја љубов. Посебно ми е драго што ќе имам можност да се натпреварувам на вака голем јубилеј 40. Очекувам како и сите ние во клубот, во сабота ние да се радуваме на победата и да го подигнеме трофејот за најдобра екипа – истакна Маркоски.
Она во што не се сомневаат ракометарите е подршката од трибините која, како што велат тие нема да изостане.
– Од контактите со моите пријатели од Струга, очекувам силна подршка од трибините, поготово што тие тимот на Металург го осеќаат како струшки. Се надевам на полно гледалиште добар амбиент, и на еден ракометен спектакл на крајот од летната сезона – смета Мојсоски.
Екипите на Бел Мерцедес и Кафе бар 9 ќе играат мајсторка за пласман во 1/8 финалето на турнирот во мал фудбал Петровден – Мешеишта, откако во последното коло од фазата по групи нивниот натпре...
Престојниов викенд Веслачкиот клуб Горица Ремо ќе настапи на веслачката регата Војводина опен во Палиќ, Република Србија Клубските бои ќе ги бранат Ана Ничевска во скиф пионерки, Александра Маленко...
По слободниот ден вчера, вечерва продолжуваат натпреварите на турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта На програмата се три средби со кои завршува фазата по групи на турнирот Распоред на натпревар...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.