Граѓаните на Струга, на 10-ти јуни, сабота, повторно ќе излезат на протести со цел да го свртат вниманието кон проблемот со дивата депонија која го загадува градот.

-Целта на протест е да продолжи притисокот врз надлежните органи за итно и целосно гаснење на запалената депонија, како и повторување на барањето за наоѓање среднорочно и долгорочно решение и дислокација на депонијата. – велат од Граѓанската иницијатива „Доста“ од Струга.

Протестот ќе се одржи на крстосницата која ги спојува регионалните патишта за Охрид, Дебар и граничниот премин Ќафасан, со почеток во 11 часот.

OhridNews