Конкурсот за доделување на наградите „Крсте Чачанки“ за необјавена збирка раскази и „Јован Котески“ за необјавена поетска збирка, е распишан деновие од страна на струшкото Здружение за литература, култура и наука „Бран“ и списанието „Бранувања“.

Својот творечи опус, авторите треба да го преточат во содржина до 20 раскази, односно не повеќе од 50 песни. Според критериумите, творбите не треба да се веќе објавувани, а формата треба да биде наративна на слободна тема. Расказите подолги од 100 реда и поетските дела со повеќе од 30 стихови, нема да бидат земени во предвид.

Жири комисијата соствена од писатели, ќе ги избира првонаградените збирки, а конкурсот е отворен до 20-ти април идната година. Своите трудови, авторите треба да ги испратат во три примероци на адресата „Нико Нестор“ број 22 Струга, со назнака за конкурсот.

Инаку, со овие две наградати досега се стекнале Трајче Коцарев, Санде Стојчевски, Христо Петрески и Милован Стефановски.

OhridNews