Во недела од 13:00 часот до 15:00 часот кај Параклисот на Пресвета Богородица (Женска Плажа) во Струга ќе се одржи отворена работилница за декорирање на јајца, а во 19 часот, во просториите на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, пропратено со богата програма, ќе бидат доделени награди за најуспешните експонати.

Декорираните Велигденски јајца можат да се доставуваат во Центарот за култура, најдоцна до сабота 11- ти мај, до 20 часот.

Оваа манифестација во Струга се одржува веќе неколку години по ред, со цел граѓаните да ги истакнат нивните вештини во украсувањето на велигденските јајца.

OhridNews