Синоќа, во 1 часот и 15 минути, од страна на Р.Е. (24) од Струга бил нарушен јавниот ред и мир пред охридски ноќен клуб. Стружанецот викал и ги туркал останатите граѓани кои влегувале во клубот.

Од страна на полициски службеници истиот бил предупреден, при што од негова страна биле упатени омаловажувачки зборови кон нив, а при обид да биде легитимиран истиот одбил и се обидел да избега. При неговото приведување истиот пружил активен отпор, а  на местото на настанот дошол и неговиот брат  И.А.(38), кој почнал да ги попречува полициските службеници и со раце ги влечел со намера да го ослободи  својот брат.

Откако Р.Е. бил ставен во службеното возило, при обидот полициските службеници да ја затворат вратата, еден од нив добил удар со тупаница во пределот на десното око од страна на Р.Е, по што на службеникот му била укажана лекарска помош во охридската Општа болница.

Браќата се приведени во полициската станица  и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

OhridNews