Попладнево во Струга ќе се одржи граѓански протест за решавање на проблемот со дивата депонија која се наоѓа во непосредна близина на градот.

Како што најавува иницијативниот одбор, од протестот ќе биде испратена уште една порака до властите да преземат итни мерки за санирање и дислоцирање на дивата депонија од која се уште се шири токсична миризба по пожарот што избувна за велигденските празници.

Стружани бараат новата влада да одржи итна седница на која ќе расправа за решавање на проблемот со дивата депонија која го загрозува здравјето на граѓаните и негативно се одразува на туризмот.

OhridNews