Повеќе од 20.000 петарди биле пронајдени во автомобил на стружани, на автопатот Скопје-Тетово. Според полицијата возилото било сопрено вчера, околу 16  часот, кај клучка за Матка, во рамки на рутинска полициска контрола.

При прегледот на возилото, биле пронајдени и одземени 20.000 парчиња петарди (пиратки), 24 парчиња огномети (мали), 24 парчиња огномети (големи), 180 петарди (кракери), 1200 петарди(корсаир) и  238 други видови петарди.

Полициската станица Ѓорче Петров  против двајцата стружани кои ги превезувале пиротехничките средства,  ќе биде поднесенена соодветна кривична пријава.

OhridNews