Двајца стружани биле затекнати како со возило превезуваат мигранти на автопат Гевгелија – Скопје во непосредна близина на Неготино, соопшти полицијата.

Во возилото биле пронајдени три лица мигранти од Сирија, коишто илегално влегле во Република Македонија од Република Грција, во близина граничниот премин „Богородица“. Тие имале намера илегално преку Македонија, потоа и Србија да стигнат до земјите од ЕУ. Според нивното кажување откако влегле на територијата на Р.Македонија се движеле по самиот пат кон Скопје, при што пешачеле неколку часа кога до нив застанало возило во кое биле пријавените стружани, кои ги прашале дали патуваат кон Скопје. Кога мигрантите им кажале дека сакаат да стигнат до Скопје, пријавените, за сума од по 100 евра од човек ги качиле во возилото со намера да ги пренесат до Скопје.

Против двајцата стружани до надлежното обвинителство поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело “криумчарење на мигранти“информираат од МВР.

OhridNews