Струшките ракометари во 1/16 финалето од Купот на Македонија за противник го добија тимот на Битола, кој настапува во Првата лига.

Овие два тима минатата сезона се сретнаат во бараж натпреварот за влез во Супер лигата. Тогаш стружани победија, но поради финансиски проблеми не настапија во Супер лигата.
Победниците од овие дуели ќе се пласираат во 1/4 финалето каде ги чекаат екипите кои настапуваат во Супер лигата меѓу кои е и ракометниот клуб на Охрид.
Двојки : РК Прилеп 2010 – РК Текстилец 19:00ч (12.03), РК Младост 09 – ГРК Борец 14:00ч (08.03), РК Вардар-Полог – РК Јехона 13:00ч (09.03), РК Струга – РК Битола 15:00ч (08.03), РК Работнички – РК Риниа М 21:00ч (06.03).
Мх.П.










