Охридските ракометари сезонава имаат еден пораз на домашен терен, и тоа од Струга во првата рунда во Купот на Македонија. Тогаш струшките ракометари триумфираа со 31-26 и обезбедија пласман во понамошната фаза.



– Се надевам дека ќе одиграме како што го направивме тоа во Купот на Македонија. Тогаш функциониравме многу добро во нападот и одбрана и го заслужено го елиминиравме Охрид –
рече Валентино Белевски, најдобриот играч во струшкиот табор.

Сезонава ранливоста Струга ја покажа на гостински терен, без победата на “отпишаната“ Јехона лидерот на табелата има две победи, три порази и едно реми. Во продолжението од сезаната стружани немаат победа на гостински терен.


– На гостински терен направивме неколку киксово кои не смеевме да ги дозволиме. Кога си лидер на табелата сите “домашни“ екипи даваат максимум, така беше и на последните две гостување кога не успеавме да победиме – потенцираше Белевски, кој својот брат Бојан го сочинуваат “убиствениот“ тандем во нападот.

Од есенскиот дел во тимот на Струга недостасува Никола Костевски, кој замина во Металург, а останатите играчи се спремни да дадат максимум против “езерскиот“ ривал.

Мх.П.